Анти артрозин се суплементи во таблетарна форма кој содржи глукозамин и хондроитин (главни компоненти на зглобната 'рскавица).
Поради генетска или расна предиспозиција суплементот наоѓа примена кај постари кучиња и мачки поради претерано трошење а споро обновување на зглобната 'рскавица.
Во овој случај овие индивидуи имаат проблеми со ревитализација и обнова на зглобната 'рскавица, што предизвикува триење на зглобните површини, консеквентно на тоа воспаление и болка во зглобовите, како и кривење при движење, тешко станување, итн (пореметена моторика).
Препаратот се препорачува и кај млади кучиња во фаза на раст од средни и големи раси на кучиња за добро формирање на зглобната 'рскавица и зглобната чаура.
Состав:Глукозамин сулфат 500 mg, хондроитин сулфат 100 mg, L-аргинин - 20 mg, L-пролин 20 mg.
Индикации:
- помага во обновувањето на зглобовите, ја штити 'рскавицата од рана дегенерација,
- помага да се запре болката и целосно да се врати 'рскавицата во повредените зглобови,
- го подобрува формирањето на колаген и еластин, најважните елементи на 'рскавичното ткиво,
- формира полипептиди кои го стимулираат растот на `рскавицата и оштетените зглобови,
- помага во синтеза на хијалуронска киселина, што допринесува до намалување на триењето меѓу површините на 'рскавицата.
Препорачана дневна доза:
- 2 таблети дневно за кучиња со тежина до 10 кг. и
- 3 таблети на ден за кучиња со тежина над 10 кг.
ПАКУВАЊЕ:80 таблети